Тиквешки Бели Вина

Траминец
5/5

Квалитетно суво бело вино со контролирано географско потекло од Тиквешкото виногорје. Виното се одликува со златно-жолта боја, со препознатлив мускатен мирис и вкус на измeшани цветови и овошје.

Белан
5/5

Квалитетно суво бело вино со географско потекло од Тиквешкото виногорје. Виното се одликува со прозрачножолта боја, пријатен вкус и мирис.

Александрија
5/5

Квалитетно полусуво бело вино со контролирано географско потекло од Тиквешкото виногорје. Се одликува со зеленикаво-жолта боја, карактеристичен мирис на мед и свежина од цитрусно овошни ароми, комплексен цветен вкус со карактеристичен сладникав последователен вкус.

Темјаника
5/5

Квалитетно полусуво бело вино со контролирано географско потекло од Тиквешкото виногорје. Се одликува со златно-жолта боја и изразено мускатна арома на темјанушка со ноти на презреана мандарина, вкус на мускатен орев со дискретно тело и уникатен финиш.

Шардоне
5/5

Квалитетно суво бело вино со контролирано географско потекло од Тиквешкото виногорје. Се одликува со златно-жолта боја, фин овошен мирис на тропско овошје и со балансирано полно тело

Смедеревка
5/5

Квалитетно суво бело вино со географско потекло од Тиквешкото виногорје. Виното се одликува со кристална златно-жолта боја и мек вкус.

Траминец (Special Selection)
5/5

Траминец е квалитетно суво бело вино со златно-жолта боја. Се одликува со нагласен мускатен мирис од мешавина на цветови, зачини и овошје. Вкусот во потполност ја следи аромата, а повкусот е мек и долготраен

Темјаника (Special Selection)
5/5

Темјаника е квалитетно суво бело вино со изразени зеленикаво-жолти нијанси. Изобилува со идеално избалансирано мускатно-цветни ароми, со дистинкција на темјанушка, роза и мандарина. Има добро балансирано и дискретно тело со долга завршница.

Ризлинг (Special Selection)
5/5

Ризлинг е квалитетно суво бело вино со кристална светложолта боја и свежа цитрусно-цветна арома со медени нијанси. Вкусот е овошен, има лесно тело со карактеристична свежина и долг и сув финиш.