Тиквешки Црвени Вина

Александрија
5/5

Квалитетно суво црвено вино со контролирано географско потекло од Тиквешкото виногорје. Виното се одликува со темноцрвена-рубин боја, овошна арома со траги од мешавина на рибизли и вишни и полно балансирано тело во хармонија со долгиот финиш.

Т’га за југ
5/5

Квалитетно полусуво црвено вино со контролирано географско потекло од Тиквешкото виногорје. Се одликува со интензивна црвена боја, карактеристична арома на суво грозје и малина, зрели танини и со сладникав вкус.

Мерлот
5/5

Квалитетно суво црвено вино со географско потекло од Тиквешкото виногорје. Виното се одликува со интензивна темноцрвена боја, изразено буке, хармоничен вкус и мирис.

Каберне
5/5

Квалитетно суво црвено вино со географско потекло од Тиквешкото виногорје. Виното се одликува со интензивна црвена боја, хармоничен вкус и мирис и изразено буке.

Вранец
5/5

Вранец е квалитетно суво црвено вино со интензивна темнорубин-црвена боја. Виното има нагласена арома од измешани суви сливи, капини и рибизли. Се одликува со богато и полно тело со меки танини и со уникатно долг финиш.

Кавадарка
5/5

Суво црвено вино. Виното се одликува со интензивна темноцрвена боја, арома на презреани шумски плодови и хармоничен вкус кој долго трае.

Розе
5/5

Полусуво вино произведено од сортата кратошија. Се одликува со нежна светлорозова боја, свежи овошни ароми и свеж, сладникав вкус.

Витач
5/5
 

 

Каберне совињон (Special Selection)
5/5

Каберне Совињон е суво црвено вино со пурпурноцрвена боја, дискретна овошна арома со траги на зачин и мириси на вишна, малина и на суво грозје. Се одликува со полно тело, добро избалансирани танини и со карактеристично елегантна завршница.

Мерло (Special Selection)
5/5

Мерло е квалитетно суво црвено вино со рубин-црвена боја. Се одликува со арома на презреано грозје, мед и смеса на карамелизирани шумски плодови. Хармоничниот вкус кај ова вино го дава балансот на киселините, екстрактите и на алкохолот, заокружен со сладникав и јак финиш.

Вранец (Special Selection)
5/5

Вранец е квалитетно суво црвено вино со интензивна темнорубин-црвена боја. Виното има нагласена арома од измешани суви сливи, капини и рибизли. Се одликува со богато и полно тело со меки танини и со уникатно долг финиш.

Каберне совињон (Limited edition)
5/5

Зреено во дабови буриња со врвен квалитет. Квалитетно суво црвено вино со ароми на сува слива, боровница, црвено зрнесто овошје, препечен леб, ванила и нежни ноти на цимет. Се одликува со полно тело, богат зрел вкус и свиленкаста структура.

Вранец (Limited edition)
5/5

Зреено во дабови буриња со врвен квалитет. Квалитетно суво црвено вино со раскошни ароми на презреано црвено овошје и суви сливи, со траги на арома на даб, чоколада и свежи зачини. Виното се одликува со богато тело со карактеристична свежина и совршено хармоничен финиш.